Ѕвезда во најтешката група: Светските гиганти доаѓаат во Белград
Српскиот фудбалски првак Црвена Звезда преку Салцбург по 26 години ќе игра во Лигата на шампионите, а веќе ги доби и ривалите во групната фаза која стартува во септмеври.
Белграѓани паднаа во групата Ц, а за ривали добија силни противници. Од првиот шешир дојде екипата на ПСЖ, од вториот за противник е Наполи, додека од третиот шешир, за ривал се падна Ливерпул.
Црвена Звезда, која со Панчев и Најдоски беше европски првак во 1991 година, игра првпат во елитното натпреварување по 1992 година. Распоредот на натпревари дополнително ќе биде објавен.
30.08.2018 - 19:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа