ФОТО: "Си ја сакам играчката но жена ми ја сакам повеќе" - го продава плејстејшнот за да и плати маникир на сопругата
Ненад од Србија дал оглас кој дефинитивно го привлече вниманието на целиот Балкан. Тој го продава својот плејстејшн за неговата жена да може да направи маникир, педикир...пред да се породи.
- Мојата сопруга ќе се породи за еден месец. Пред да се породи, таа мора да оди на неколку третмани за убавина како маникир, педикир, фризер, а јас тоа не можам да си го дозволам. Затоа ја продавам својата драга играчка, „Сони плејстејшн“, напиша Ненад во огласот кој стана хит на Интернет.
- Едноставно таа посака да оди на маникир и фризер, а јас сакам се да и овозможам. Тешко ми е да се раздвојам, сакам игри, но неа ја сакам повеќе, додава Србинот.
20.09.2013 - 09:24