ФИФА:Ќе се ограничи бројот на изнајмени фудбалери

 

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува да наметне ограничување на бројот на изнајмени играчи.

Според весникот „Спорт Билд“ ФИФА сака да воведе квота на изнајмени најмногу до осум, со забелешка не повеќе од четири - во истиот клуб.

Исклучок можат да бидат талентирани играчи на возраст под 21 година кои потпишале долгорочен договор со клубот. Таквите играчи можат да продолжат да се изнајмуваат во неограничен број со цел понатамошен нивни развој.

Ако ова ограничување стапи на сила, пред се ќе влијае на лондонскиот Челзи и на Јувентус од Торино, кои досега изнајмиле 40, односно 26 фудбалери.

 

 

 

13.09.2018-09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега