Костадинов: Мицкоски е пион на Груевски, тој управува со партијата од Будимпешта

 

Собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања со пет гласови „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан утврди предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој побегна и доби политички азил во Унгарија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија за предлогот, ниту гласаа за дневниот ред на седницата.

Костадинов денеска со прес конференција по седницата за мандатот на Груевски и одлуката на опозицијата.

Лицемерниот Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, повторно, по којзнае кој пат, го бранеа осудениот криминалец Никола Груевски.

 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитетни прашања не гласаа за одземање на мадатот на Никола Груевски.

 

 Се потврди она што цело време го говориме, Христијан Мицкоски е само пион во рацете на Груевски.

 

 Граѓаните видоа, Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не си ги почитуваат ниту сопствените одлуки. А не поминаа ниту 24 часа.

 

 Ова покажува дека одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго туку лицемерни одлуки кои во суштина се сведуваат само на лажни вести.

 

 Во намерата да го одбранат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврдеа дека бегството од кривична одговорност на Груевски е оправдано отсуство. Наместо да повикаат на правда, отслужување на казната и да ги почитуваат законите.

 

 ВМРО ДПМНЕ наместо на интересите на граѓаните и државата единствено е посветена на заштита на криминалот на Никола Груевски.

 

 Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново, бегалецот Никола Груевски од Будимпешта ја контролира партијата, дава насоки и вистински управува со неа.

 

 На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните, која ќе се бори за правда и нема да брани криминал.

 

 Заглавена во матрицата на Никола Груевски, ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е полоша од кога било.

 

 Ги охрабруваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро да размислат, да се охрабрат и да се оградат од криминалната матрица на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и на пленарната седница која и претстои да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2019 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега