Познатиот актер би можел да го купи фудбалскиот клуб Малага
Еден од најпопуларните мажи на светот планира да го извлече некогашниот учесник во Лигата на шампионите од голема криза.
Новиот потенцијален сопственик на фудбалскиот клуб Малага би можел, ако ништо друго, да привлече голем број жени на стадион.
Славниот холивудски актер Џорџ Клуни преговара за купување на шпанскиот второлигаш кој во сезоната 2012/2013 успеа да стигне до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Клубот се наоѓа во проблеми, а еден од спасувачите кој би можел да ја врати Малага на нозе би можел да биде токму Клуни.
Клубот во моментот игра во втората шпанска лига и по 29 кола е на 14. место со само пет бодови помалку од тимовите кои на крајот на сезоната ќе се преселат во понизок ранг.
Клуни е заинтересиран, но постојат извесни проблеми. Актуелниот сопственик, катарскиот шеик Абдулах ел Тани, клубот го проценува на 100 милиони евра. Од друга страна, конзорциумот во кој член е Клуни е подготвен да плати 36 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа