Хакер ги украл податоците на Гвардиола па ги продавал за 100.000 фунти!

 

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се најде во мала неволја, откако Шпанецот стана жртва на еден хакер, кој успеал да влезе во неговата е-пошта и дојде до некои прилично интересни информации. Како што се очекуваше, тој одлучи да ги стави на продажба, а за нив бара дури 100.000 фунти.

Во интервју за „Сан“, хакерот тврди дека има некои многу интересни податоци, телефонски броеви на сите фудбалери и разговори со потенцијалните засилувања на Сити.

Ова беше најлесното нешто што го сторив. Бев во можност да ја „преземам“ секоја е-пошта која ја испратил. Ги чувам информациите затоа што ќе ме убијат ако го најдат мојот број. Видов многу интересни работи, истакна хакерот.

Тој открил разговори за трансферот на Матијас де Лихт, па дури и за Сократис Папастатопулос, вклучувајќи ги и нивните исплати.

Сепак, разговорот со „Сан“ скапо го чинеше. Новинарите веднаш го контактирале Сити, а во понеделникот дошло до негово апсење од страна на полицијата. Станува збор за 30-годишен маж, но неговите иницијали не се познати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега