Сеќавање на Тоше Проески: „Мамо, дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики”?

 

Денеска навршија 13 години од смртта на прерано починатио пејач Тоше Проески. На 26 години Проески загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Нова Градишка. Зад себе останува огромно музичко богатство кое никогаш нема да биде заборавено.

Тоше важеше за човек со огромна душа, човек кој и најмалите нешта ги вреднуваше, Тоше беше човек кој имаше љубов за сите.

Немаше човек на Балканот кој не ги знаеше неговите песни, кои и ден денес се пејат.

Неговата големина како човек е прикажана и во книга, веќе добро позната за фановите на Тоше, со наслов „Ова не е крај“, а во неа опишани сите важни моменти во неговиот живот заедно со најблиското семејство. Книгата содржи информации од неговото раѓање па се до неговата блескава кариера. Ова е извадок од книгата во кој се раскажува приказна која малкумина ја знаат:

„Во семејството на Тоше, сите се толку музикални, што е многу тешко да се одреди од каде е наследен музичкиот ген. Дали од дедото Тодор, кој царувал со сцената и бил одличен актер, дали од родителите и чичковците, чии средби секогаш изобилувале со трубадурски изблици, придружувани со гитари. Музиката била најчест гостин во нивниот дом. Како нешто без кое не се може. Како мевлем против сите рани што ги отвора животот, како оружје против судбината, како извор во кој се капе душата. Кај Тоше гените беа посилни, како да испреплетеа не две, туку четири нишки од ДНК,  во која се криеше  кодот  -  пејач,  ѕвезда.  Го  насетуваа  талентот.  Но,  не  и   тоа   што допрва   ќе   им   се   случува.   Одеа   по   Божјиот   пат,   славејќи   го   Господ, благодарни   и   со   тоа   малку   што   го   имаат.  Чудни   се   патиштата   Божји. Понекогаш зборовите од писанието испреплетуваат најубава свила, која ја постилаат пред нас, а ние чекориме по неа. Но, знаат да исткаат и стрели, кои ќе нé погодат, една по друга. Не прашувајќи дали можеме да се носиме со нив. А Господ ти дава толку тежина колку што можеш да  издржиш. 

Првата стрела – беспарицата, Проески ја издржаа. Втората стрела – беше дијагнозата „стразбизам“’ на малиот Тоше. Трета година од неговото раѓање.   Забележаа   дека   зеницата   од   окото   почна   да   му   игра неконтролирано. Мора да се лекува во Прилеп. Мора да се издржи, таква е Божјата волја.

„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за  видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакуумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега