Ракометниот клуб Охрид се прости од Даниловски: Засекогаш ќе бидеш еден од нас
Од водите на Охридското Езеро денеска е извлечено телото на Никола Даниловски., голман на ГРК Охрид, поранешен член на РК Металург и репрезентативец во националниот ракометен тим.
Беживотното тело на 26-годишниот спортист роден во Скопје е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин. Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата.
-Последен поздрав од Ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас, напишаа од клубот.
Поради трагичната смрт на младиот голман одложен е вечерашниот меч од Супер лигата помеѓу Охрид и Струга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа