Партнерот ја полеал со киселина и ѝ го уништил лицето - останала без едно око, а 2 години подоцна одлучила да се омажи за него
Младата Турчинка Берфин Озек (20) се венчала за човекот кој ѝ ги полил лицето и очите со киселина и ја оставил засекогаш.
„Getindianews“ пишува дека Ќазим Озан Селтик (23) со тоа, меѓу останатото, трајно ѝ го нарушил видот, а сето тоа се случило за време на една нивна расправија.
Берфин како последица го изгубила видот на едното око, додека на другото гледа само 30 отсто.
Тие во моментот на нападот не биле во врска, а тој пред нападот ѝ рекол:
„Ако не можам јас да те имам, нема да те има никој“
Берфин поднела пријава против насилникот, а потоа следела поплава од негови пораки во кои ја моли да му прости. Берфин, на општо неверување, ја повлекла пријавата.
„Многу се допишувавме. Му се предадов. Многу го сакам и тој ме сака мене“, рекла Озек.
Насилникот на крајот сепак е осуден на 13 години, но после промената на законот, за време на пандемијата е пуштен на условна казна. Уште поголемо неверување следувало кога насилникот ја запросил Берфин, а таа се согласила.
Шок доживеал и неговиот татко, кој одбил да присуствува на венчавката одржана овој месец, а исто постапил и таткото на Берфин, кој од медиумите дознал дека ќерка му ќе се венча за насилник.
„Се борев за неа со години, очигледно залудно“, вели таткото, додека Берфин и нејзиниот сопруг сè уште не ја коментирале својата венчавка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа