„02 Иницијатива“: Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна?

 

Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? прашуваат од еколошката организација „02 Иницијатива“ на социјалните мрежи во врска со пожарот кој избувна кај поранешната фабрика „Треска“.
 
„Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови. Азбестот е на листата на опасен отпад.
 
Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме.
Загрозено беше и сè уште е здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар, Карпош и Ѓорче, поради ветерот. Азбестните влакна остануват вo воздухот 48-72ч, значи два до три дена, пред да паднат на земја“, наведуваат во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.
 
Оттаму прашуваат: Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отстранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?
 
Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите? - прашуваат од еколошката организација.

16.04.2022 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега