Ни доаѓа празник кој ни носи бериќет и благосостојба, но само под еден услов
Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на Светата великомаченичка Варвара која се празнува на 17 декември.
Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.
Житието сведочи дека Света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко и беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.
Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала некогаш сама некогаш со Пресвета Богородица.
Обично се празнува со домашни служби, се вари пченица – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите како и истата носи богат род и благосостојба во домот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа