Трагедија: Загина млад пејач од „Ѕвездите на Гранд“
Пејачот во „Ѕвездите на Гранд“, 22-годишниот Немања Вуковиќ вчера загина во сообраќајка на автопатот од Шид кон Белград. Медиумите пренесоа дека со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда.
По ударот излегол од автомобилот и почнал да оди по патот.
На него налетал автобус кој се движел во правец кон Бања Лука.
Очевидец му пришол и го прашал дали е добро, тој рекол дека е добар и почнал да трча. Потоа, според извори на српските медиуми, бил прегазен од автобус.
„Непосредно пред несреќата, Немања доживеал незгода кога со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, наводно излегол и се обидел да го премине патот и да дојде на лентата за спротивен правец, односно од Шид кон Белград“, рече извор за српските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа