Тешка сообраќајка кај Плетвар - сообраќајот во прекин
Поради случена сообраќајна несреќа кај Плетвар, патот А1 Градско - Прилеп е во прекин, штотуку информираа од АМСМ.
„Од 17.25 часот, поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, кај Плетвар, е во прекин“, стои во соопштението на надлежните.
Информации за несреќата од МВР се очекуваат во текот на вечерта.
17.07.2023 - 18:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа