Битиќи: Парите од Данокот за солидарност ќе се искористат за нови антикризни мерки и субвенционирање на цената на струјата

 

Данокот на солидарност ќе ги опфати само компаниите кои во време на криза успеале да направат профит од над 20 милиони евра и сметаме дека тоа е солидарно, за да се врати кон оние кои треба да се справат со кризата, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за Телевизија Сител.

„Со овој опфатени се 150 компнаии а минималниот праг, според последните проценки е околу 50 милиони евра, пари што ќе се искористат за антикризни мерки, како на пример за субвенционирање на електричната енергија која што и оваа година ќе биде субвенционирана, но и за други нови мерки за поддршка на оние на кои таа им е потребна“ посочи Битиќи додавајќи дека ваквото решение ќе се донесеше и порано, но ДПМНЕ во Собранието истото го блокираше повеќе од шест месеци.

Во однос на стапката на ДДВ за пелетите, Битиќи посочи дека таа нема да се менува, дека СДСМ го слуша гласот на граѓаните и дека така ќе постапува и во иднина.

20.07.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега