Македонците одат на одмор - за излез од државата се чека половина час

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.

Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата утрово има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 30 минути.

-На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

21.07.2023 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега