Утре стартува мисијата на ЕУ за оценка на работата на Судскиот совет: Хрватин на чело на оценската мисија

 

Како што неодамна најави амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Европската комисија распоредува оценска мисија во Северна Македонија за да се фокусира на функционирањето на Судскиот совет.

Тим експерти од земјите-членки на ЕУ ќе ја испита институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки, вклучително законодавни и институционални мерки, со цел да се зајакне независноста, непристрасноста и кредибилитетот на ова важно тело за управување со судството.

Водачот на тимот, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска, ќе ја посети Северна Македонија на 27 и 28 јули за да ја започне мисијата, со идентификување на обемот на работата на тимот.

Работата ќе биде завршена со поддршка на тим експерти од земјите-членки на ЕУ, кои ќе ја посетат Северна Македонија во септември 2023 година.

26.07.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега