Во Тетово одбележан 2 aвгуст - Денот на Републиката

 

Во Тетово пред Споменикот на револуцијата на пригоден начин денеска се одбележа 2 Август, Денот на републиката – Илинден и 120 годишнината од Илинденското востание.

Во организација на Сојузот на борци од Тетово, делегации на општината, политички партии и здруженија на граѓани од Тетово положија цвеќе пред споменикот.

- Денес, кога овој празник свечено се прославува низ целата територија на Македонија, мораме уште еднаш да потсетиме дека патот на младата македонска држава е втемелен врз принципите на АСНОМ и дека Македонија мора да остане на патот започнат со светите идеи на Илинден. Се разбира дека овој пат е тежок, но се надеваме дека ќе го најдеме вистинскиот пат, пат кој води кон помирно, кон подемократско и кон поперспективно општество, а тоа е патот кон перспективна Европа, пат кон интегрирана Европска Унија, истакна Јоцко Димитриевски од Сојузот на борците од Тетово. 

02.08.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега