Бугарскиот навивач којшто беше избоден во Скопје е транспортиран во Софија, полицијата уште трага по напаѓачот
Tранспортиран во Софија e бугарскиот навивач Драгомир кој беше избоден со нож во скопската населба Чаир, за време на натпреварот помеѓу клубивите „Шкупи“ и „Левски“ минатата седмица, јавуваат бугарските медиуми.
Мажот по повредата беше опериран и задржан на лекување во Скопје.
Полицијата се’ уште трага по човекот кој го избоде 29-годишниот фудбалски навивач.
Според властите, идентитетот на напаѓачот е утврден, но тој во моментот е во бегство.
03.08.2023 - 16:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа