Нема пропуст во лекувањето на родилката што скокна од Гинекологија, вели комисијата
Петчлената комисија формирана од министерот за здравство, која вршеше стручен надзор за случајот со 39-годишната родилка, која скокна од прозорец на Гинекологија, не утврди пропусти во нејзиниот третман.
„Биле направени сите неопходни медицински процедури кај сега покојната пациентка и не била регистрирана депресивна психотична симптоматологија. Според комисијата, пациентката не изгубила контакт со реалитет и не можело да се предвиди ваков немил настан“, се наведува во извештајот на комисијата испратен од Министерството за здравство.
Претходно, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по вонредниот инспекциски надзор на скопска Гинекологија, констатира дека ГАК направила пропуст бидејќи докрај не ја спровела постапката за обезбедување психијатар.
39-годишната родилка почина на КАРИЛ две недели по скокањето од прозорец на ГАК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа