(ВИДЕО) Урнебесна реклама за прозорци за која зборува цел Балкан: „Ова лесно може да се реши“
Овие денови на социјалната мрежа тикток се појави видео односно реклама на компанија од Србија која произведува алуминиумска и ПВЦ столарија. Само за 4 дена собра над 1.6 милиони прегледи.
Рекламата прикажува жена која изгледа како да му вика на сопругот од под прозорецот, а потоа се појавува вработен во споменатата компанија со решение. Многумина ги освои тоа што се работи за реклама за која не биле ангажирани актери, а притоа е одлично реализирана.
Додека го затвора прозорецот, гласот на жената се стишува, а вработениот вели: „Ова лесно може да се реши, дихтувањето е многу важно - столарија Станишиќ“.
Коментарите се бројни и многу позитивни.
„Маркетинг волшебници“, „Не разговарам со сопругата поради оваа реклама“, „Совршен маркетинг“, „Одглуми премногу добро“, се само дел од реакциите на видеото кое ги насмеа сите.
Dihtovanje je jako bitno!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа