Макрон предупредува против „ограничувањата“ за поддршка на Украина

 

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди денеска дека ограничувањето на поддршката за Украина во нејзината војна против Русија може да доведе до пораз на Киев и да го уништи кредибилитетот и безбедноста на Европа.

„Доколку Русија победи во таа војна, кредибилитетот на Европа ќе се намали на нула“, рече Макрон во интервју за француските телевизии TF1 и France Television.

Нарекувајќи го конфликтот во Украина „егзистенцијален за нашата Европа и за Франција“, Макрон рече дека секој што се залага за „ограничувања“ на помошта за Украина „избира пораз“.

„Пред две години рековме дека никогаш нема да испратиме тенкови. Испративме. Пред две години рековме дека никогаш нема да испратиме ракети со среден дострел. Испративме“…Оние кои велат „да не ја поддржуваме Украина“ не го прават изборот за мир, тие го прават изборот на пораз“.

За Франција „сите опции“ се на маса во нејзината поддршка за Украина, рече Макрон.

14.03.2024 - 22:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега