30 дена притвор за палење на знамето

 


Лицето што го запали македонското знаме е уапсено, однесено е во затворот „Скопје“ Лицето што вчера го запали знамето на Македонија за време на прославата на Денот на албанското знаме е уапсено, пренесе НетПрес.

Според информациите лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што веднаш осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.

29.11.2024 - 15:34
Фото: 
НетПрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега