Минатата година повеќе од милион патници на македонските аеродроми
Во текот на минатата година на македонските аеродроми поминале повеќе од милион патници. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска изјави дека услугите на македонските аеродроми ги користеле над милион патници што е зголемување за 17, 4 проценти во споредба со 2012 година.
- Во Република Македонија е надминат бројот од милион патници. Во 2013 година имавме вкупно еден милион 59 илјади 588 патници. Тоа е добар пораст, можеби најдобар во регионот. Ќе беше уште поголем, но поради временските услови во декември имавме мал пад, изјави Јанакиески.
Во текот на 2013скопскиот аеродром Александар Велики беше прогласен од Меѓународниот аеродромски совет за најдобар аеродром во Европа во категоријата аеродроми до два милиони патници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа