Груевски: Годинава двојно повеќе средства за развој на туризмот во Македонија
Шефот на Владата, Никола Груевски, денеска по посетат на новата Лабораторија на Медицинскиот факултет во Скопје, истакна дека оваа година е предвидено да се зголеми поддршката за развој на туризмот со двојно повеќе средства од лани.
Премеирот денеска информираше дека за оваа година се предвидени двојно повеќе средства од минатата година, или 150 милиони денари во делот на Агенцијата за туризам.
- Охрабрени сме од минатата година кога имаше 26 отсто раст на странски туристисти и шест отсто домашни во споредба со 2012 година, што покажува дека правецот е добар, вели Груевски.
Според премиерот, сево ова е резултат на многу чекори што беа преземени од страна на Владата, меѓу кои се и давањето субвенции на тур-операторите кои носат туристи во Македонија, на авиокомпании и меѓународната медиумска промоција на Република Македонија.
- Се разбира, помогнаа и инвестициските промотори, кои освен задачата да ја претставуваат Македонија како бизнис-дестинација, и со закон и со одлука на Влада, имаат добиено задача да ја претставуваат Македонија и како туристичка дестинација, додаде премиерот.
Оваа година како новина се јавува тоа што во овој буџет за туристичка промоција се слеваат пари и од игри на среќа, па така, како што информира премиерот, четириесет милиони денари од овие пари ќе бидат директно од игрите на среќа.
Претседателот на Владата информираше исто така дека во тек е конкурсот за издавање под концесија на 39 ловишта низ земјата.
- Веќе има објавено конкурс за 39 ловишта од кои 13 се за крупен дивеч, а останатите за ситен дивеч. Во март конкурсот завршува. Ова е добра можност за сите домашни и странски лица кои ги исполнуваат условите и критериумите во законот да се пријават. Оној кој ќе ја добие концесијата е тој кој што најмногу ќе понуди на електронска аукција. Ова е добро за локалниот економски развој и отвора нови работни места, изјави премиерот Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа