По цели 36 години брак се разведува познатата ктерка Mерил Стрип

 

По цели 36 години брак, познатата актерка Mерил Стрип на изненадување на многумина наводно се разведува од својот сопруг  уметникот Дон Гумер.

Мерил  наводно го изневерила својот сопруг поради што дошло до заладување на односите, но освен тоа и нејзината преголема посветеност на работата е една од причините за крајот на нивната врска.

„Нејшнл Енквајр“ пишува дека Дон се чувствува изневерен, бидејќи дознал за бројните неверства на Мерил, а повреден е и затоа што актерката кариерата, секогаш ја ставала на прво место.

Неодамна во медиумите се појави биографијата на легендарниот актер Џек Николсон, во која е откриено дека тој имал афера со Мерил Стрип за време на снимањето на драмата „Ironweed“. Во тоа време Мерил била во брак со Дон.

 

Мерил и Дон се во брак од 1978 година. Имаат четири деца, синот Хенри и ќерките, Мами, Грејс и Луиза.

22.02.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега