Неколку знаци кои откриваат дека сте имале квалитетен секс

 

Дали знаете дека од начинот на кој се движите по улица или во канцеларија некој може да установи дека штотуку сте имале секс? Научниците стигнле до сознанието дека вагиналниот оргазам предизвикува забележлива промена во начинот на кој жените се движат. Но тоа не е се!

 

Во една од многуте студии, искусните сексолози со точност од 81 процент знаат која жена имала оргазам по начинот на кој се движи. Но тоа не е единствениот знак кој открива дека некоја жена имала секс и доживеала оргазам.

"Жив" крвоток
Постои оправдана причина зошто после секс луѓето зацрвенуваат во лицето и зошто го имаат оној сјај кој зрачи посјајно отколку обично - се зголемува протокот на крв! Покрај тоа, жената која штотуку имала секс и доживеала оргазам зрачи на посебен начин, а тоа не може да му избега на професионално око.
Тој посебен израз на лицето
Го знаете оној посебниот израз на лицето што оддава среќа и задоволство? Епа токму тој израз го има жената која штотуку имала секс. Остатокот од денот ќе и' помине исполнето. Бидејќи никој не е толку среќен како некој кој штотуку имал секс.
Физички докази
Постои можност дека по сексот на вас ќе останат некои траги од чинот, материјални докази, поготово доколку не сте користеле перзеватив. Тоа и не е баш убав начин некој да примети дека неодамна сте имале секс. Можеби ќе ви звучи лудо, но се е возможно доколку не внимавате!
Ништо нема да ми го уништи овој ден!
Неверојатно лабаво и лелеаво расположение исто така е знак кој ја издава личноста која имала секс и доживеала оргазам. Веднаш по сексот во телото се ослободува ендорфин, кој дополнително влијае врз вашето расположение. Тоа се оние моменти кога сте добро расположени што ви се чини дека ништо не може да ви го уништи денот.

Извор: Точка

22.02.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега