Статистика: Повеќе од 70.000 фирми активни во 2013 година

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во 2013 година, имало вкупно 71,290 активни фирми. 
Најмногу се регистрирани во секторот Трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли. Во овие сектори забележани се 25.429 компании, а веднаш зад нив со бројка од 7918 фирми следуваат во Преработувачката индустрија.

Најмала застапеност има во секторите Рударство и вадење на камен со 164 субјекти и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти.

Гледано според бројот на вработени, најдоминатни се компаниите кои имаат вработено од еден до девет работници и на нив отпаѓаат 85 проценти од вкупниот број фирми. По нив следуваат фирмите со неутврден број на вработени, потоа фирмите со 10 до 19 вработени и фирмите со 20 до 29 вработени. Најмал е бројот на компании кои имаат од 50 до 249 вработени и компании со над 250 вработени. 

24.02.2014 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега