Ставрески: Макроекономската и политичката стабилност најважни за странските инвеститори
Макроекономската и политичката стабилност се клучните фактори за странските инвеститори во Република Македонија, истакнал министерот за финансии Зоран Ставрески ви своето обраќање на конференцијата во Лондон за инвестирање во регионот, организирана од Европската банка за обнова и развој.
СПоред МИА, Ставрески укажал на постојаните активности што обезбедуваат сигурност и предвидливиост за инвеститорите во Македонија.
- Она што е најважно за инвеститорите е политичката стабилност на земјата. Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Во овој контекст постои едно прашање кое не е дел од Копенхашките критериуми ниту дел од економските критериуми, тоа е прашањето за името кое го имаме со нашиот сосед Грција. Но, тоа не не спречува да работиме на хармонизација на легислативата со правото на ЕУ и со стандардите на земјите-членки на Унијата што обезбедува сигурност и предвидливост за инвеститорите, истакнал вицепремиерот Ставрески.
ТОј укажал на значењето на макроекономската стабилност, за која, како што рекол, Македонија има одлично досие на одржување и постигнување раст дури и во период на кризата во Европа и во светот.
- Во 2013 имаме раст на БДП од 3,3 проценти, а слично беше и во 2010 и 2011. Сите овие години кога гледавме негативен раст во Европа Македонија имаше раст од 3 проценти што е многу солидно. Негативен раст имавме само во 2009 и 2012 година што е многу подобро од она што се случуваше во Европа, посочил Ставрески.
СПоред него, силниот раст од 5-6 проценти остварен пред кризата во 2007 и 2008 година помогнал да имаат добар старт и да постигнат некои од зацртаните цели на Владата.
- Ние сме веројатно единствената Влада заедно со Владата на Меркел во Европа која од 2006 година останала на власт, што ни овозможи да имаме доволен период за спроведување реформи, за справување со предизвиците од кризата, но и за работа на конкурентноста на земјата, што сметам дека е многу важно, истакнал Ставрески.
Oдржливите јавни финансии, додал министерот, се една од клучните компоненти за макроекономската стабилност.
- Државниот долг изнесува 34 проценти и е четврти најнизок во Европа што генерално се должи на подготвеноста пред кризата и предвременото отплаќање на дел од долгот. Тоа е резултат и на нашата конзервативна политика во однос на позајмувањата од Светска банка и ЕБРД кој ни дава поддршка за потребните инфраструктурни проекти, како и за бизнис опкружувањето, но секогаш со внимателност на одржливоста на долгот, истакнал Ставрески.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо ги претставил предностите што ги нудат зоните и посочил дека двете зони во Скопје се рангирани меѓу 50 најдобри.
– Тоа е многу важно, бидејќи нашите зони наликуваат на оние во Азија со таа разика што во нашиот случај е дозволено само производство бидејќи ги следиме правилата на ЕУ, навел Мизо.
По конференцијата во Лондон, на која вчера се обрати премиерот Никола Груевски со колегите од регионот, владиниот економски тим заминува за Германија, каде предностите за инвестирање ќе ги претстави пред бизнис заедницата во Дизелдорф.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа