Северина побарала 8.000 евра да прими Оскар и да отпее една песна
Александар Дамјановиќ, претседател на Црногорската културна мрежа, вели дека пејачката Северина сакала да и платата за да ја прими наградата Црногорски Оскат и да отпее една песна.
„Северина побара пари за да дојде. Се договоривме со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ. Тој го потврди нејзиното доаѓање, но ни побара хонорар. Ние ја одбивме таа понуда бидејќи не е вообичаена процедура да плаќаме за некој да се појави на доделување Оскари“, раскажал Дамјановиќ.
Како што дознаваат српските медиуми од свои извори,Северина побарала 2.500 евра од организаторот за со неа да дојде десет члена екипа, за која треба да се обезбеди престој во луксузен хотел (3.000 евра), како и повратен авионски билет Загреб-Будва (2.500 евра).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа