Хемијата во мозокот го одредува идеалниот партнер
Сакате да знаете дали врската ќе ви биде среќна или ќе пропадне за една недела? Антропологот Хелен Фишер има совет за вас, треба само да се направи хемиска анализа и се ќе ви стане јасно.
Изреката дека меѓу некои двојки постои хемија се покажа целосно точно, тврди антропологот Фишер.
Нејзината теорија е дека љубовните врски се темелат на фин однос на доминанти хемиски соединенија во мозокот, т.е. кој хормон е доминантен во вашиот мозок допамин, естроген, серотонин или тестостерон.
Врз основа на таа идеја, Фишер разработила четири типови на личности, истражувач, градител, шеф и преговарач, кои имаат особини под влијание на доминантниот хормон.
Така преговарачот под влијание на естроген има доминантно женски хормон, кој сепак го имаат и мажите. Тие се креативни, интиутивни и трпеливи лица, со љубезно однесување кои знаат да ги искажат своите чувства, или со еден збор, вистински дипломати во односите со спротивниот пол. Како да се освои преговарачот? Поттикнете му ја фантазијата!
Шефот е под влијание на тестостеронот, што дава реален пристап на се во животот, одлучност, директност и брзо донесување на одлуки. Амбицијата силно е изразена во подрачја кои на такво лице се интересни, а нив ги нема многу. Се интересираат само за лица еднакви или барем со многу слични склоности. Со пристап на самодоверба тој или таа освојува такво лице без проблеми.
Градителот е под влијание на серотонин, кој дава друштвеност, љубезност и вештина за изградба на односи. Покрај тоа тие се традиционални и ги почитуваат општествените норми. Моралноста е силно изразена, зависници се од правила и се вистински заштитници на сите кои ги сакаат. Не е тешко да се освои градител, бидете организираин, уредни и мирни, почитувајте ги плановите, и тоа е тоа.
Истражувачите пак се под влијание на допамин, љубопитни и со авантуристички дух, постојано во потрага по нови искуства. Нивната неуморна енергија и креативност не можат само така да се скротат, бидејќи не ја сакаат рутината, а сакаат независност. За да се освои истражувач, мора да бидете интересни, подготвени на се и многу флексибилни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа