Селена Гомез и Бибер повторно заедно

 

Селена Гомез и Џастин Бибер кои пред извесно време ја прекинаа својата врска сега се повторно заедно.

 

Тие се смирија и покрај тоа што родителите на Селена не го одобруваат тоа што нивната ќерка е повторно со пејачот кој зад себе има неколку скандали вклучувајќи и затвор.

Според  „Radar Online“ мајката на Селена, Менди стравува и не сака нејзината ќерка да заврши на рехабилитација поради скршено срце како што се случи минатата година.

Родителите на пејачката немаат никаква контрола над неа, тврди добро познат извор. Двојката се смири минатата недела, а во петокот се видени заедно во еден ресторан во Тексас каде не се криеја дека се повторно заедно.

Двојката заедно сними и видео од тренингот на кое заедно танцуваат на песната од Џон Леџенд „Ordinary People“.

11.03.2014 - 18:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега