Нов ракетен напад врз Украина - пиштат сирените во Киев

Русија денеска изврши нов ракетен напад врз Украина, поради што луѓето одат во засолништа низ целата земја, а противвоздушната одбрана реагираше.

Сирените за воздушен напад се огласија во главниот град Киев и низ целата земја, објави „Ројтерс“.

„Ракетите се веќе лансирани“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви, но украинските медиуми ги пренесоа изјавите на официјални лица дека во одредени области се слушнале експлозии и дека реагирале силите за воздушна одбрана.

„Не игнорирајте ги предупредувањата“, рече Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

 

05.12.2022 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега