Нови мерки на границите на европските земји: Се воведува „темно црвена“ зона, кој и да дојде од тие области тешко дека ќе може да влезе

Во ситуација на ширење на нов вид на коронавирусот и голем број на нови инфекции, Европската комисија повика да се избегнат сите непотребни патувања.

Денес во Брисел беа побарани дополнителни мерки на границите, и внатре во ЕУ и на надворешните граници, со цел да се запре ширењето на вирусот.

"Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ, вклучително и за оние кои се на таканаречено основно патување. Тестот за PCR за влез во ЕУ мора да биде стар најмногу 72 часа", вели комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа наведува дека дополнителни правила, вклучувајќи самоизолација, карантин и следење на контакти до 14 дена, мора да се применат на патници кои доаѓаат од трети земји, каде што е забележлива циркулацијата на нови видови на вирусот.

За граѓаните на ЕУ и носителите на дозволи за престој, тестирањето ќе се обезбеди по пристигнувањето, а образецот за локација на патникот треба да стане универзален и задолжителен.

Предлогот на Комисијата вклучува додавање на „темно црвена“ боја на постојната епидемиолошка мапа на Европскиот центар за превенција и контрола на болести за области каде се присуни високи нивоа на инфекција, делумно предизвикани од нови видови на вирус.

"Ние ја поддржуваме одлуката на земјите-членки дека патниците од другите земји-членки не треба да бидат одбиени на границите. Карантинот и тестовите пред или по пристигнувањето може да бидат прифатени како ограничувања. Построги мерки ќе се применуваат за пристигнувања од темно црвени области", рече еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

 

Комисијата наведува дека ќе има исклучоци што ќе важат за граѓаните кои ги преминуваат границите во рамките на земјите-членки со цел да одат на работа, на училиште или да се грижат за членовите на семејството.

Граѓаните кои доаѓаат од темно црвени зони поради задолжително патување, според предлогот на Комисијата, треба да направат тест пред пристигнување и да бидат ставени во карантин, освен ако тоа нема диспропорционално влијание врз нивното основно патување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега