Од денешните 872 новозаболени со коронавирусот повеќе од 400 се во Скопје

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати лица, а регистрирани се 412 оздравени пациенти.

Направени се 3.394 тестови преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-294, Биотек-354, Клиника „Жан Митрев“-186, Систина-280, лабораторија Лаор–176, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-70, Синлаб-64, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.167, УК Пулмологија со алергологија–2.

Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројот на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а на активни случаи изнесува 9.300.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа