Од денеска рекордни цени на бензините, дизелот и плинот на бензинските во Македонија

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, во моментов имаме најскапи горива во последните 2 години. Според графиконот за движењето на цените во малопродажба кој може да се најде на веб сајтот на компанијата Макпетрол, моменталната цена и на бензинот и на дизелот и на плинот руши рекорди.
Моментално, 95 октанскиот бензин се продава за 73,5 денари за литар, 65 денари по литар е дизелот а плинот 41,5 денари.
На пример, овој период пред 2 години исто така цената на горивата била висока но тогаш максималната цена која ја достигнал бензинот била 68,5 денари што е 5 денари поевтино од сега, додека дизелот бил 2 до три денари поевтин од денеска. Најголемо поскапување има кај плинот. Пред две години во овој период тој чинел 10 денари помалку од денеска односно 32 денари за еден литар плин.

05.10.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега