Одрон затрупа автобус во Колумбија - десетина загинати

 

Најмалку 27 лица загинаа во лизгање на земјиштето што затрупа автобус во северозападна Колумбија во провинцијата Рисаралда, соопштија денеска колумбиските власти.

„Досега 27 лица, меѓу кои и три малолетни, загинаа во трагедијата во Рисаралда“, напиша на Твитер колумбискиот претседател Густаво Петро.

Тој додаде дека изразува солидарност со семејствата на жртвите и вети поддршка од Владата.

Претходно, гувернерот на Рисаралда, Виктор Мануел Тамајо изјави дека пет патници од автобусот преживеале, а спасувачите работат на пронаоѓање на телата на другите жртви, пренесува Ројтерс.

Колумбија ја погодија обилни дождови под влијание на временскиот феномен Ла Ниња, а досега загинаа повеќе од 216 лица, 48 лица се уште се водат како исчезнати, додека 538.000 луѓе останаа без своите домови поради несреќи предизвикани од врнежите.

05.12.2022 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега