Официјално утврдена причината за катастрофата во Бејрут: Експлодирале 2.700 тони калиум нитрат

Во близина на крајбрежјето на Бејрут, ненаселениот дел од градот, одекнала силна експлизија вчера. Според непотврдени информации, набрзо потоа се слушнала и друга експлозија.

Првиот човек на службата за безбедност на Либан, генералот Абас Ибрахим на местото на експлозијата демантирал дека станува збор за детонација од пиротехника и изјавил дека станува збор за други експлозивни средства кои биле складирани долго време.

„Тоа што се случи не е експлозија од пиротехника, туку некои други експлозивни средства кои биле складирани долг временски период“, рекол Ибрахим.

Либанската телевизија „ЛБЦ интернешнл“ подоцна објавила дека експлодирале 2.700 тони калиум нитрат.

„За време на заварување на отворото низ кој криминалците би можеле да извршат кражба, дошло до детонација на товарот складиран во магацинот со 2.700 тона калиум нитрат - шалитре“, пренела телевизијата.

Арапските медиуми јавиле дека вчера во страшна експлозија исто така се повредени и ќерката и сопругата на либанскиот премиер Хасан Диаба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега