Официјално: Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Оваа одлука Владата ја донесе во координација со Главниот кризен штаб и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести, соопшти денеска владината прес-служба.

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега