Општина Центар: Казни за сопственикот кој рамнел земјиште на Водно

Сопственикот кој ја рамни земјата во Парк шума Водна и каде според објавите на медиумите треба да се изгради кафуле во заштитениот дел на планината е повикан во полициска станица и ќе биде казнет.

-Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради.

За сите понатамошни постапки, јавноста ќе биде информирана дополнително.

20.10.2021 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега