Орбан ја поддржа изјавата на Макрон: Војната во Украина различно влијае врз Америка и ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на преиспитување на санкциите воведени кон Русија и ја поддржа изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека цената на конфликтот во Украина е различна за ЕУ ​​и САД, иако тие се придржуваат до истите принципи.

– Претседателот Емануел Макрон е во право: цената на руско-украинската војна не е иста на двете страни на Атлантикот. Ако сакаме европската индустрија да опстане, треба брзо да ја решиме енергетската криза во Европа. Крајно време е да се преиспитаат санкциите – напиша Орбан на Твитер.

На 4 декември Макрон во интервју за американската ТВ Си-би-ес изјави дека Брисел и Вашингтон плаќаат поинаква цена за санкциите воведени кон Русија поради војната во Украина, пренесува ТАСС.

Тој рече и дека потрошувачите во земјите на ЕУ се принудени да плаќаат високи цени за енергетските производи увезени од САД, што негативно влијае на односите и влијае на конкурентноста на европските земји, пренесе Блиц.рс.

06.12.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега