Осип, промена на кожата, грчеви, слабо варење на храната - проблемите ги прави една намирница

 

Доколку неконтролирано се дебелеете и имате проблеми веднаш по оброкот, време е да ја пронајдете причината за тоа.

Имате проблеми со варењето на храната, ви се појавува осип – веројатно е време да го исфрлите белиот леб од вашата исхрана.

Земете го тоа в предвид поради тоа што најверојатно сте чувствителни на глутен.

Еве како ќе знаете дека токму за тоа станува збор:

1. Се дебелеете

Според истражувањата од 2014 година, објавени во списанието „BMC Public Health“, доколку секој ден јадете две парчиња бел леб во ризик сте да се здебелите, па доколку сакате да ослабнете белиот леб веднаш треба да го исфрлите од исхраната.

2. Висок крвен притисок

Без оглед на тоа дали во одредено време вашиот крвен притисок е висок, избегнувајте го белиот леб поради тоа што тоа е одличен начин да го доведете вашето здравје во ред. Истражување од 2018 година објавено во списанието „Nutrients“ покажало дека консумирањето на само едно парче бел леб – еднаш или пак повеќе пати неделно е поврзано со појава на зголемениот крвен притисок.

3. Имате грчеви во стомакот

Доколку сте забележале дека вашиот стомак ве боли откако сте изеле сендвич или пак обично печиво, размислете за понатамошната консумација поради тоа што тоа би можело да биде знак дека сте чувствителни на глутен. Надуеноста, болките, дијареата, се симптоми кои што се јавуваат кај луѓето кои што се чувствителни на глутен, а познато е дека белиот леб содржи глутен.

4. Осип

И осипот може да биде знак дека сте чувствителни на глутен. Според американскиот Национален институт за дијабетес, дури 10 отсто од луѓето кои што го имаат тој проблем ќе развијат дерматитис, односно промена на кожата која што се манифестира како мали точки и меурчиња по грбот, задникот, колената или пак лактите.

5. Шеќер во крвта

Познато е дека дијабетичарите не смеат да јадат рафинирани намирници, па поради тоа не им се препорачува да јадат ниту бел леб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега