Османи: Бесен сум поради опожарувањето на автомобилот на Груби, овој чин не е само напад врз колега, туку и навреда за нашите демократски вредности
Се огласи и министерот за надворешни работи Бујар Османи по повод опожареното возило на првиот вицепремиер Артан Груби.
Османи вели дека е револтиран од веста за одвратниот чин.
„Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Мора да има одговорност за таквите постапки кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции. Ние сме општество изградено врз принципите на мир, толеранција и почитување еден кон друг. Нашата сила лежи во нашето единство и заедно можеме да го надминеме секој предизвик што ќе ни се појави“, вели Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа