Османи: Не е формална одлуката на Грција за отворање на границите

Сè уште нема формална одлука на грчката Влада за отворање на границите, затоа е направен тој застој на македонско- грчката граница, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање денеска зошто македонските граѓани кои чекаат на граничниот премин нема на можат за ја поминат границата без формална одлука на Владата во Грција, иако беше најавено и од грчка и од македонската страна дека граничниот премин денеска ќе биде отворен.

„Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и да можат да минуваат граѓаните“ вели Османи кој ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега