Османи: Останува во сила забраната за амбасадори со двојно државјанство

Министерот за надворешни работи во гостувањето на ТВ21 рече дека останува во сила забраната за назначување амбасадори со двојни државјанства.

-Измените на законот за повлекување на забраната за назначување на амбасадори за тие што имаат двојно државанство беше на иницијатива на пратениците, и не се постигна согласност, и беше повлечен. Во моментов е на сила законот за забрана на назначување на амбасадори кои имаат државјанство поинакво од она на Северна Македонија. Во новиот предлог закон кој утре го пуштаме на јавна расправа, исто така ќе стане збор за забрана на назначување на амабсадори кои имаат второ, односно двојно државјанство, рече Османи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега