Османи: Рамковниот договор, еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија

Дваесет и една година Охридски рамковен договор, еден од уставните и политички темели на современа Северна Македонија, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.
 
Османи преку неговата порака порача дека договорот е вредно наследство.
 
 
–Градејќи ја нашата европска иднина, продолжуваме да инвестираме во нашиот автентичен модел на функционална мултиетничка демократија. Договорот претставува вредно наследство на оваа генерација и еден од клучните столбови на стабилноста и меѓуетничката кохезија на Северна Македонија, истакна Османи на ФБ. 
13.08.2022 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега