Отстранета фотографијата од Лешница на Шара со која Еди Рама ги пофали убавините на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама ја отстрани фотографијата од Лешница по бурните реакции на социјалните мрежи.

Фотографијата на која се гледаат водопадите на Лешница на Шар Планина, во близина на село Бозовце, веќе не е достапна на неговата официјална Фејсбук страница без појаснување или извинување за грешката.

Случајот предизвика револт на социјалните мрежи меѓу граѓаните од двете соседни држави, кои од утрово се убедуваа чија е Лешница прикажана на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега