Пендаровски-Новак: Унгарија одигра значајна улога за почетокoт на преговорите на Северна Македонија, поддршката ќе продолжи

 

Претседателот Стево Пендаровски посочи дека Унгарија е една од најгласните членки на Европската Унија во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Тој смета дека Унгарија одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори на Македонија.

Тој посочи дека на средбата со унгарската претседателка Каталин Новак добил уверување дека ќе продолжи оваа поддршка.

“Сметам дека оваа посета е значајна за билатерналните односи. Ќе даде дополнителен стимул за соработката. Потврдивме заедничка посветеност за соработка. Неспорно Унгарија е една од најгласните и најактивните членки во ЕУ, земја која одигра значајна улога за почетокот на преговорите на Северна Македонија. Разменивме информации и за безбедноста на континентот”, кажа Пендаровски.

Тој додаде дека Унгарија е еден од десетте најголеми трговски партнери.

“Очекуваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина”, додаде шефот на државата.

Новак беше пречекана на церемонија со највисоки државни и воени почести.

06.02.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега