Пендаровски: Роденденот на Гоце Делчев беше искористен за кревање тензии од другата страна

 

Се влошуваат односите со Бугарија. Роденденот на Гоце Делчев сосема непотребно беше искористен за кревање на тензии од другата страна, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Оцени дека Македонија 100 проценти го положи испитот, и на 4 февруари покажа како треба да се одбележи голем настан.

Сите кои сакаа да присуствуваат беа добредојдени, но оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата заработија прекршочни пријави и депортирацоија. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин, рече Пендаровски и додаде: нека се јави некој да каже дека се пријавил да присуствува, а не бил примен.

Претседателот нагласи и дека она што го прават Бугарите од Македонија во Брисел и Софија не е ништо ново, а во врска со поплаките за нарушување на нивните права.

„Иако беа примени и од мене и од другите власти, иако според сите меѓународни норми државјаните во Северна Македонија треба да ги барат своите права ако мислат дека им се загрозени од македонските институциите…тие го избраа погрешниот пат. Тоа не значи дека нема да ги сервисираме нивните потреби, но мислам дека попусто го губат своето време барајќи помош во европските институиции, судот во Стразбур, а претходно да не го објаснат нивниот проблем во Скопје“, додаде Пендаровски.

 

 
06.02.2023 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега