Пендаровски се пофали со новиот член на Кабинетот - тримесечниот шарпланинец Рок

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски преку објава на својот фејсбук профил го претстави новиот член на неговиот Кабинет - тримесечниот шарпланинец Рок.

Пендаровски кучето и го покажа и на претседателката на Унгарија Каталин Новак, што предизвика јавноста да помисли дека и го подарил.

-Дека кучето е подарено не е точно. Таа има две преубави кучиња, ова беше само да и покажеме наша раса, специфична за кај нас. Проеговори со ЕУ може да водиме, а прегпвпри Роки да го дадеме-не, се пошегува Пендаровски во својата изјава.

На тоа се надоврза и унгарската претседателка:

-Имам веќе две и веројатно моите нема да го прифатат Рок со задоволство, затоа задоволство ми е што го погалив и ќе го оставам тука, рече претседателката.

 

06.02.2023 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега