Пет деца си исекле огревни дрва, па си ги товариле во возилата, ама полицијата ги фатила на дело

На 05.12.2022 на место викано „Кишино“ – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги затекнале М.Ј.(18) од Велес и четири малолетни лица како со три запрежни коли превезуваат бесправно исечени огревни дрва. Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми – подружница Велес. По расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

06.12.2022 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа